Top Sport

Лејкерси продолжија победнички и во 2020, „Кралот“ со нов трипл-дабл (видео)

Лос Анџелес Лејкерс предводени од феноменалниот Леброн Џејмс синоќа славеа победа над Феникс Санс со 117:107 во еден од четирите натпревари во НБА понудата во новата 2020 година.

„Езерџиите“ кои се лидери на Западот до победата стигнаа благодарение на благодарение на Џејмс кој повторно имаше трипл-дабл ефект. Леброн мечот го заврши со 31 поен, 13 скока и 12 асистенции.

Во поразената екипа се истакна Девин Букер 32 поени, 2 скока и 7 асистенции.

Милвоки Бакс предводени од Јанис Адетокунбо славеа минимална победа од 106-104 против Минесота Тимбервулвс. Грчкиот кошаркар имаше дабл-дабл ефект со 32 поени, 17 скокови и 4 асистенции.

Во преостанатите два ноќешни меча Вашингтон загуби од Орландо 101:122, а Њујорк убедливо славеше против Портланд со 117:93.
https://youtube.com/watch?v=pYOGa9yhL8c
https://youtube.com/watch?v=6Uf_EjmiwyY
https://youtube.com/watch?v=-e2h6FaLcJA

Scroll to Top