Top Sport

Леванте ја промовираше нашата најдобра фудбалерка, Наташа Андонова

Македонската фудбалерка, Наташа Андонова (25) доби официјална промоција во новиот клуб, шпански Леванте. Таа претходно настапуваше за Барселона, ПСЖ, Розенгард, Турбине Потстдам, а сега со големи амбиции се пресели во клубот од Валенсија.

Клубот ги презентираше и другите две засилувања, Редондо и Џема.

Новиот клуб на Андонова минатата сезона ја заврши како трет во Шпанија, веднаш зад Барселона и Атлетико Мадрид.

Со успех за машката екипа на Леванте настапува македонскиот репрезентативец, Енис Барди кој денеска не ја пропушти приликата на колешката да и посака добредојде во новата средина.

„Добредојде во Леванте. Македонија сега е уште повеќе левантиста. Многу среќа“ – напиша Барди.

Scroll to Top