Екипата на Леванте синоќа во првиот меч од 14 коло во Ла Лига со 2-1 славеше триумф против екипата на Мајорка. За домашните од 79 минута во игра беше македонскиот фудбалски репрезентативец, Енис Барди, додека во составот на гостите повторно го немаше неговиот колега од македонскиот национален тим, Александар Трајковски.
Првото полувреме протече во мирна игра, без поголеми возбудувања пред двата гола.
Домашните до предност од 1-0 дојдоа во 52 минута од мечот, со голот на Роџер, на асистенција на Мирамон. Иако ситуацијата наликуваше дека е офсајд, сепак голот беше признат.
Гостите од Балеарските острови по само 13 минути успеаја да го изедначат резултатот. Во 65 минута Дани Родригес прецизно стрелаше за 1-1, асистент беше Састре.
Конечните 2-1 беа дело на Рубен Рочина во 73 минута, со удар од далечина.