Top Sport

Лисицки се згрози кога девојчето што собира топчиња ја згмечи бубачката (видео)

Освен вчерашниот пораз на турнир во Тајланд, екс-шампионката од Вимблдон, Сабине Лисицки имаше уште една причина за разочарување.

Додека траеше мечот против Мугуруза на Тајланд Опен (Лисицки загуби 6:3, 6:4) на теренот се појави голема бубачка.
И додека тенисерката се мачеше да го отстрани „неканетиот гостин“ од теренот, едно од девојчињата задолжени за собирање на топчињата се стрча и буквално ја смачка бубачката со ногата, а Лисицки се згрози.

Погледнете ја целата ситуација:

Scroll to Top