Top Sport

Љубомир Врањеш на кормилото на Кристијанштад ќе бара одмазда за Вардар во ЛШ

Кристијанштад доби засилување, и тоа на кормилото. Шведскиот тим има нов тренер. На местото на досегашниот Ола Линдгрен доаѓа Љубомир Врањеш.

Довчерашниот тренер на унгарски Веспрем, кој афирмацијата како ракометен тренер ја имаше во германски Фленсбург беше голема мета на ракометниот пазар откако доби отказ од Веспрем, па сепак се реши првакот на Шведска.

Интересно е тоа што сезонава во ЛШ Врањеш веќе еднаш загуби од скопски Вардар (25-27 во Унгарија), па за дваесетина дена ќе има можност за одмазда со новиот клуб, кога Вардар ќе гостува во Шведска.

Во својата тренерска кариера Врањеш освен искуство во клубовите, беше селектор и на репрезентациите на Србија и на Унгарија.

Scroll to Top