Повредата на голманот на Ливерпул, Бразилецот Алисон Бекер на воведниот премиерлигашки меч на европскиот првак против Норич го расипа впечатокот по одличниот старт на сезоната. Бекер ја повреди десната нога, а се уште се чекаат прогнозата за тоа колку долго еден од најдобрите голмани минатата сезона во Англија ќе паузира.
Менаџерот Јирген Клоп по мечот со Норич рече дека повредата не изгледа добро.
„Се работи за листот на ногата. Во среда секако нема да игра на Суперкупот на Европа против Челси. Тоа можам да го кажам со голема сигурност“ изјави Клоп.
Шанса да застане на голот, во отсуство на Бразилецот ќе добие неговата замена, Адриен кој стигна во тимот на последниот ден од преодниот рок, како замена за Симон Мињоле кој потпиша за Клуб Бриж.
„Адриен е добар голман, во ваква ситуација ви е потребен некој кој играч во лигата. Добар е на топка, мирен е, но не сакаме да имаме само еден подготвен голман“ – подвеле Германецот.
Овие негови зборови може да значат дека Ливерпул е во потрага по краткотрајно решение затоа што преодниот рок за купување е завршен. Како првично решение се споменува Енди Лонерган кој во текот на подготовките беше со Ливерпул, а моментно е без ангажман.
Во меѓувреме Алисон испрати порака на социјалните мрежи, порака со благодарност за поддршката:
Thank you all for the messages! Will be back as soon as possible and stronger!! ????? #YNWA
— Alisson Becker (@Alissonbecker) August 9, 2019