Европските фудбалски натпреварувања веќе ги започнаа квалификациите за Лигата на шампиони и за Лига Европа, а вечерва во Истанбул се игра првиот меч за трофеј.
Фудбалерите на Ливерпул и на Челси како минатосезонски победници во ЛШ, односно во ЛЕ во 21 часот на „Бешикташ парк“ ќе го одиграат Суперкупот на УЕФА.
По речиси 50 години од постоењето на Суперкупот, првпат силите на теренот ќе ги одмерат два тима од Премиерлигата.
„Црвените“ сјајно ја започнаа сезоната, со триумф над Норич во првото коло од ПЛ со 4-1, додека „сините“ доживеаја тежок пораз на „Олд Трафорд“ од Манчестер Јунајтед, 4-0.
Иако фудбалерите на Ливерпул се во многу подобро расположение, тренерот Јирген Клоп има главоболки поради отсуството на денешниот мел на првиот голман, Бразилецот Алисон Бекер кој се повреди на мечот со Норич.
На фановите на Ливерпул градот Истанбул им е во добро сеќавање затоа што толку тука пред 14 години го освоија пехарот во ЛШ по петти пат во драматичното финале со Милан.