Top Sport

Ливерпул е седми освојувач на Премиерлигата, од 1992 година до денес

Вечерашниот пораз на Манчестер Сити на „Стемфорд Бриџ“ во Лондон (2-1) значеше официјална промоција на нов шампион во Премиерлигата – Ливерпул.

На 7 кола до крајот со +23 бода, тимот на Ливерпул е нов првак во англиската најсилна лига.
Фудбалерите предводени од Јирген Клоп играат неверојатна сезона. Досега, на 31 натпревар имаат вкупно 28 победи, само две реми и еден пораз.

Ова е прва титула за „црвените“ откако е формирана Премиерлигата, во 1992 година. Вкупно по 19-ти пат Ливерпул е шампион на Англија.

Премиерлигата најмногу пати досега ја освоил Манчестер Јунајтед, дури 13-пати.

Следуваат Челси со 5 титули, па Манчестер Сити со 4, Арсенал со 3 и Блекбурн, односно Лестер Сити со по една титула.

Еве како вечерва се слави на улиците во Ливерпул:

Scroll to Top