Ливерпул е повторно оној стариот. Нова премиерлигашка победа на „црвените“, предмалку на „Енфилд“ со 2-1 против екипата на Борнмут.
Шок за гледачите на стадионот во Ливерпул приреди гостинскиот играч Вилсон. Уште во 9 минута за тресе мрежата на Адријан за 0-1.
Сепак, „црвените“ брзо се вратија од покот. Најпрво по една грешка на одбраната на Борнмут, Салах успеа да погоди, во 25 минута, на асистенција на Мане. За Салах денешниот е осми погодок во 6 меча против „црешите“.
А токму Мане само 8 минути подоцна постигна гол за целосен пресврт на мечот.
Во второто полувреме на теренот на „Енфилд“ имаше голема доминација на Ливерпул, но сепак резултатот беше непроменет.
Трите бода не се толку битни за Ливерпул во моментов, колку победата која ја враќа самодовербата пред реванш осминафиналниот дуел со Атлетико Мадрид во ЛШ.