Во последните секунди од мечот, во 94 минута Њукасл успеа да оствари важна победа против екипата Челси со 1-0 во Премиерлигата.
Гостите од Лондон ја имаа иницијативата на мечот, иако првото полувреме беше летаргично и без вистински прилики за гол.
Во вториот дел двете екипи прикажаа поенергичен фудбал, но изостанаа головите.
Херојот на Њукасл е Хејден кој погоди за големи 3 бода за бегство од опасната зона.
Челси по поразот останува на четвртата позиција на табелата со 5 бода пред Манчестер јунајтед.