Top Sport

Карачиќ ја однесе Хрватска во полуфинале, Германците потклекнаа во финишот

Ракометната репрезентација на Хрватска е во полуфиналето на ЕП откако вечерва во драматичен меч славеше тесна победа со резултат 25-24 против селекцијата на Германија.

Ракометната публика уживаше во неизвесен меч кој беше решен со одбрана на хрватскиот голман Марин Шего во последните секунди. Иако хрватскиот чувар на мрежата не фати речиси ништо цел меч, го спречи обидот на Колбахер за голема радост на хрватските навивачи во „Штадхале“ во Виена.

Инаку играч на натпреварот беше довчерашниот ракометар на Вардар, Игор Караџиќ кој со 7 гола го предводеше тимот на Лино Червар кон голем успех. Караџиќ беше стрелец и на последниот гол за водство на Хрватска од 25-24.

Мачот го одбележа одлична игра во одбраната, посебно од страна на германскиот состав во првото полувреме. Германците во првиот дел постојано играа на работ на исклучување, а тоа им се исплатеше затоа што на полувреме имаа + 4 (14-11).

Во вториот дел продолжи тактичкото надмудрување на двајцата тренери, но Германија беше во предност, пред се поради одбраните на Волф и летаргичноста на Шего и Ашанин на спротивната страна.

Најефикасни кај Хрватска беше Карачиќ со 7, Дувњак со 5 и Степанчиќ со по 4 гола.

Кај Германија Вебер, Генсхајмер и Кастенинг постигнаа по 4 погодоци.

Scroll to Top