Top Sport

Лош ден за фаворитите во ПЛ, падна и Челси во 94 минута (видео)

Во последните секунди од мечот, во 94 минута Њукасл успеа да оствари важна победа против екипата Челси со 1-0 во Премиерлигата.

Гостите од Лондон ја имаа иницијативата на мечот, иако првото полувреме беше летаргично и без вистински прилики за гол.

Во вториот дел двете екипи прикажаа поенергичен фудбал, но изостанаа головите.

Херојот на Њукасл е Хејден кој погоди за големи 3 бода за бегство од опасната зона.

Челси по поразот останува на четвртата позиција на табелата со 5 бода пред Манчестер јунајтед.

Scroll to Top