Помина една година откако претседателот на римски Лацио, Клаудио Лотито тврдоглаво одбиваше вртоглави милионски суми за српскиот фудбалер во Лацио, Сергеј Милинковиќ-Савиќ. Сега, го промени ставот и подготвен е да ги разгледа понудите.
Минатото лето тој бараше 150 милиони евра за СМС, но освен Милан кој за Србинот понуди 80 милиони, ниеден друг клуб не „загриза“.
Сепак, со неубедливите игри во Лацио и пред се за Србија на минатогодишното СП во Русија цената на Сергеј драстично падна.
Лацио сега за него бара 80 милиони евра, а тигнала понуда од Јувентус од 60 милиони евра + играч како дополнување. Покрај „Старата дама“, за СМС е заинтересиран и ПСЖ.
Лотито за „Газета дело Спорт“ изјавил дека е подготвен да го пушти Сергеј да го напушти клубот.
„Во Лацио ги задржуваме само оние кои сакаат да останат. Доколку играчот изрази желба за нов предизвик, нема да му стоиме на патот. Цената ќе биде во склад со тоа што е прогласен за најдобар играч во средниот ред во Серија А“ – рече Лотито.