Тимот на македонскиот фудбалски репрезентативец, Стефан Спировски, унгарски Ференцварош вечерва оодигра 1-1 кај Валета, на Малта и благодарение на победата на првиот меч од 3-1 се пласираше во следното коло од квалификациите за фудбалската Лига на шампиони.
Спировски не беше дел од двомечот со тимот од Малта поради повреда.
Никакви проблеми за премин во следна фаза немаше ниту шкотски Селтик откако и нагости, во Естонија со 2-0 славеше победа против немаше Номе Калју, тимот кој ја елиминираше тетовска Шкендија од ЛШ.
Победа со 3-0 славеше Динамо Загреб над Сабуртало, а со истиот резултат АПОЕЛ на Кипар ја победи Сутјеска.
Пласман во третото коло си обезбедија и Клуж против Макаби Тел Авив и Базел во дуелот со холандски ПСВ Ајндховен.
Место во следната фаза имаше и за грчки Олимпијакос кој славеше убедлива победа против чешки Плзен.
https://youtube.com/watch?v=Zt6dkMAP0TI
https://youtube.com/watch?v=1l5Ii9wkmMQ
Ова се сите денешни резултати во квалификациите за ЛШ, во заградата се резултатите од првите натпревари:
Апоел (Кип) – Сутјеска (Ц.Го) 3-0 (1-0)
Номе Калју (Ест) – Селтик (Шко) 0-2 (0-5)
Макаби Тел Авив (Изр) – Клуж (Ром) 2-2 (0-1)
Базел (Шва) – ПСВ (Хол) 2-1 (2-3)
Динамо (З) (Хрв) – Сабуртало (Гру) 3-0 (2-0)
Валета (Мал) – Ференцварош (Унг) 1-1 (1-3)
Олимпијакос (Грц) – Плзен (Чеш) 4-0 (0-0)