Кошаркарската Евролига ги претстави најдобрите 10 блокади кои беа видени во ноември ширум терените низ Европа.
Кошаркарот на Басконија, Диоп ја имаше најатрактивната блокада во ноември кога на дуелот со Фенербахче го „залепи“ Луиџи Датоме.
Интересно е што токму Датоме е со втората најдобра блокада за минатиот месец која на направи на дуелот против Барселона.
Покрај овое двајца кошаркари, на листата на нај-блокери за ноември се најдоа и Кајл Хајнс (ЦСКА), Алекса Илиќ (Будуќност), Артурас Гудаитис (Армани), Валтер Таварес (Реал Мадрид), Џордан Мики (Химки), Жофри Ловерњ (Фенербахче) и Костас Папаниколау (Олимпијакос).