Top Sport

Лука Јовиќ во Реал за 50 милиони евра, договорот му е за 6 сезони (фото)

Србинот Лука Јовиќ преминува во Реал Мадрид, а сегашниот негов клуб Ајнтрахт Франкфурт ќе добие обесштетување од 50 милиони евра плус 10 милиони евра за бонуси, пишува германски „Билд“.

Јовиќ потпишува договор на 6 сезони со годишна плата меѓу 4 и 5 милиони евра.

Шпекулациите се дека Ајнтрахт добил понуда со иста вредност и од Баерн Минхен, но решиле да го продадат во Мадрид за да не го засилуваат конкурентот во Бундес лигата.

Јовиќ сезонава одигра 37 меча и даде 23 гола со 7 асистенции.

Scroll to Top