Top Sport

Мајкл Џордан: Јас не би бил тоа што сум без Дејвид Штерн!

Легендарниот НБА кошаркар, неповторливиот Мајкл Џордан, му оддаде почит на екс-комесарот во НБА лигата, Дејвид Штерн, кој почина вчера на 77-годишна возраст.

„Без Штерн, НБА лигата не би била таква каква што е денес. Тој ја водеше НБА лигата низ тешки времиња и ја претвори во светски феномен, давајќи можности за кои ретко кој сонувал. Неговите визии и лидерски вештини ме доведоа на меѓународно ниво и ми дозволија да успеам. Дејвид ја сакаше кошарката и бараше извонредност од другите, што ме воодушеви во него. Јас не би бил тоа што сум без Дејвид Штерн“ – рече Џордан.

Кошаркарот кој остави неизбришива трага во НБА лигата од 1991 до 1998 година освои 6 шампионски прстени.

Scroll to Top