Македонската одбојкарска репрезентација предмалку на жрепката во Брисел ги дозна противниците на Европското првенство кое ќе се одржи од 12. до 29. септември годинава во Франција, Белгија, Словенија и Холандија.
Нашите одбојкари на премиерното ЕП се најдоа во групата Ц со репрезентациите на Словенија, Русија, Финска, Турција и Белорусија.
Нашите најдобри одбојкари натпреварите од групната фаза ќе ги играат во Љубљана.
Првпат на ЕП ќе настапат 24-те најдобри европски репрезентации поделени во 4 групи со по 6 селекции. Во осминафиналето ќе се пласираат најдобрите 4 селекции од секоја група.
Еве како изгледаат останатите 3 групи за ЕП 2019:
Група А – Монпелје, Франција
Франција
Италија
Бугарија
Португалија
Грција
Романија
Група Б – Антверпен, Белгија
Белгија
Србија
Германија
Словачка
Шпанија
Австрија
Група Д – Ротердам-Амстердам, Холандија
Холандија
Полска
Чешка
Естонија
Украина
Црна Гора