Top Sport

Скандал во публика на АО, се степаа две жени за стегач за глава (видео)

Третиот ден на тенискиот грен-слем Австралија Опен го одбележа несекојдневен инцидент во кој учествуваа две постари жени.

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка по завршувањето на мечот со Британката Болтер (Белорусинката победи со 2-0 во сетови) го фрли во публика стегачот за глава.

Парчето спортска опрема било „толку драгоцено“ што за него се степаа две повозрасни жени во публиката, а веднаш до нив стои и немо ја гледа целата ситуација мало девојче со маица на која се наоѓа знамето на Србија.

Целата сцена на која жените се туркаат и влечат изгледа комично. Погледнете:

Scroll to Top