Македонската ракометна репрезентација неславно го заврши Европското ракометно првенство во Автрија, Шведска и Норвешка, уште по групната фаза, откако попладнево нашата селекција загуби од Австрија со 32-28.
Иако конечниот резултат покажува релативно поднослив пораз, ситуацијата на теренот во „Штадхале“ не беше воопшто пријатна за гледање за вистинските љубители на ракометот во земјава.
Нашите ракометари уште на стартот го разбранија противничкиот голман, Ајхбергер, па Австријците брзо стигнаа до предност од 4-1.
Со головите на Стоилов и Георгиевски Македонија успеа да фати приклучок, па следуваше израмнување 4-4.
Австријците посебно внимании во одбраната посветуваа за капитенот Лазаров, но нападот не функционираше.
Голманот Ајхбергер со своите интервенции ги деморализираше Манасков и посебно Кузмановски, па преку ударното бековско дуо Билик-Божовиќ Австрија стигна до предност од +4, 10-6.
Во сличен ритам продолжи мечот и во последната третина од првиот дел, па на пауза се отиде со резултат 18-12.
Во второто полувреме слична слика, контрата на Австријците беспрекорна, па на семафорот стоеше двоцифрена предност за домаќините, 24-13.
Селекторот Брестовац започна ротации во составот, па Македонија успеа да го ублажи поразот.
Во Македонија најефикасен на овој меч кој брзо треба да се заборави е Стојанче Стоилов со 5 гола, а дури шест наши ракометари (Лазаров, Кузмановски, Георгиевски, Поповски, Пешевски и Маџовски) мечот го завршија со по 3 гола.
Кај Австрија, стандардно Билик постигна 6, а Божовиќ 5 гола.
Македонија ги заврши настапите на ЕП, а место во следната фаза обезбеди Австрија, и со голема веројатност Чешка која вечерва од 20.30 ја чека дуел со Украина.
Nikola Bilyk continues to be talismanic for @HandballAustria ?? – they are on their way to the main round! ???#ehfeuro2020 #dreamwinremember pic.twitter.com/XALqHx1077
— EHF EURO (@EHFEURO) January 14, 2020