Машката македонска кадетска ракометна репрезентација вечерва е поразена од Данска со 26-29 во меч од групната фаза на Светското првенство што се одржува во нашата земја.
Данците со победата го задржаа првото место во групата Ц.
Реномираниот противник водеше во текот на целиот меч. Во 20 минута беше 9-6, а на полувреме се замина со само два гола предност за Данците, 13-11.
Во вториот дел иста слика на теренот. Противникот „додаваше гас“, нашите ракометари грешеа, па Македонија во еден период од вториот дел стигна и до минус 6 гола, 26-20.
Во последните минути, сепак се врати неизвесноста. Македонските ракометари со поангажирана игра стигнаа до 25-27, но тоа беше се што успеаја да сторат затоа што Данска даде 2 гола и отиде на недостижни29-25. До крајот Македонија постигна уште само еден гола за конечни 26-29.
Во нашиот состав најпрецизен беше Мартин Серафимов со 9 гола, а Ненад Костески постигна 6.
Утре Јапонија е нашиот последен противник во групата фаза.
Македонската репрезентација без оглед на денешниот пораз обезбеди место во осминафиналето.
Фото:РФМ