Аргентинските фудбалери, Макси Лопез и Мауро Икарди беа најдобри пријатели се додека Икарди не заврши со тогашната сопруга на Лопез, Ванда Нара.
Лопез беше во брак со Нара, по што се одлучи на расвод откако жена му јавно призна дека е заљубена во Икарди кој му ја презема жената на пријателот.
Подоцна, неколкупати Икарди и Лопез се сретнуваа на натпревари, во противничките табори, но Лопез одбиваше да се ракува со Икарди.
Кавгата траеше неколку години, по што Ванда му забрани на Лопез да ги гледа децата.
Сепак, Макси одлучи се да заборави и реши да му прости на поранешниот пријател. Тој во изјава за аргентинските медиуми вели дека сака да го заборави минатото и да биде среќен во животот.
„Избрав да бидам среќен и одлучив некои работи да ги оставам во минатото. Работите можат да одат добро, или лошо, се зависи од тоа како ќе одберете. Мојот брак пропдна, но станав татко. Му простив на Икарди и веќе немам проблеми со него. Целта ми е децата да ми се среќни и тоа е се. Се останато е минато, свртев нова страница во животот“ – рече Макси Лопез.