Манчестер Јунајтед е фаворит ова лето да го доведе Адријен Рабио од ПСЖ затоа што Бетис не може да си го приушти фудбалерот.
Според информациите од шпанските медиуми, клубот од Севилја испаднал од игра затоа што не можел да ги исполни финансиските барања на Французинот.
Неговиот договор со „светците“ истекува ова лето, па може да потпише за нов клуб како слободен играч, но неговата плата + провизијата за менаџерот (мајка му Вероник му е менаџер) се големи.
Рабио цели 5 месеци не е дел од првиот тим на ПСЖ. Претходно Барселона беше заинтересирана за него минатото лето и нудеше 40 милиони евра, но преговорите пропаднаа.
Информациите се дека младиот француски фудбалер бара 15 милиони евра годишна плата.
Тотенхем, Ливерпул, Реал Мадрид и Арсенал му се конкуренција на Јунајтед за потписот на Рабио.