Хрватскиот напаѓач Марио Манџукиќ наскоро би требало да му се прикучи на новиот клуб, пишува денеска италијански „Тутоспорт“. Наводно фудбалерот одбрал да се пресели во Манчестер Јунајтед, па во Англија би можел да се пресели уште на крајот на годинава за да може да се прилагоди на животот на Островот и на Премиерлигата.
„Тутоспорт“ пишува и дека „црвените ѓаволи“ се најдобрата опција во моментов за Манџукиќ затоа што таму веднаш би добил шанса во првиот состав.
„Калчомеркато“ пак пренесува дека спортскиот директор на Јувентус, Фабио Паратичи отишол во Лондон, наводно да ги разгледа понудите од Тотенхем и Вест Хем. Италијанскиот шампион во моментов, за Хрватот бара 10 милиони евра, што е намалување за цели 5 милиони за разлика од летоска.
Манџукиќ на почетокот на 2019 потпиша нов договор со „Старата дама“, а ненадејната смена на клупата со заминувањето на Алегри и доаѓањето на Сари му ги помати сметките.