Италијански „Tuttosport“ донесува информација дека хрватскиот фудбалер Марио Манџукиќ на крајот на сезоната ќе го напушти италијанскиот шампион Јувентус.
Според наводите, 32-годишниот фудбалер кој неодамна се прости од репрезентативниот дрес на Хрватска сака да го оствари најбогатиот договор во кариерата, по што се претпоставува дека следна дестинација на Манџукиќ би била Кина.
Информациите се дека директорот на Јувентус, Фабио Паратици е подготвен да го пушти голгетерот за отштета помеѓу 25 и 30 милиони евра.
Неговиот договор истекува во 2020 година, а Манџукиќ кој е стандарден кај тренерот Алегри, одлично се надополнува со Кристијано Роналдо. Сезонава на 12 настапи за „Старата дама“ има постигнато 5 голови.