Top Sport

Марадона: Се надевам дека пилотот само го згрешил аеродромот и Сала е жив

Сеуште се трага по аргентинскиот фудбалер Емилијано Сала на кого во понеделникот вечерта му се губи трагата со авионот со кој патувал од Франција кон Велика Британија.

Вчера беа пронајдени некои делови од авионот, но нем никаква трага од фудбалерот и пилотот на малиот авион.
Легендарниот Диего Марадона денеска изјави дека со мислите е со младиот Аргентинец, со неговото семејство и неговите фанови.

„Се надевам дека пилотот само го згрешил аеродромот и дека Сала ќе го најдат жив. Тоа е се што можам да кажам сега. Ова е голема трагедија и само мислам на сите тие летови на кои сум бил во животов“ – рече Марадона.

Scroll to Top