Некогашниот прв рекет во светот, Русинот Марат Сафин дал интересна изјава за руски Спортс.ру
„Религија не постои. Сите знаат дека тоа е измислица со која луѓето се лажат за да имаат изговор за неуспехот во животот. Зарем мислат стварно луѓето дека таму некаде седат Бог и ѓаволот и одлучуваат кој кај ќе оди“ – рекол Сафин.
Екс-тенисерот некогаш беше поим во тенисот, ги освојуваше УС Опен и Аустралиан Опен, но поради темпераментот и нервозните испади на теренот и беше уште поинтересен на публиката.
Многумина сметаат дека неговиот бурен живот надвор од терените го чинеше уште подобра кариера. Затоа сега Сафин живее мирно.
„Немам жена, немам девојка, а немам ни вонбрачна ќерка за која сите кажуваат. Ни најмалку не ме интересираат врските. Не сум више детиште и воопшто немам желба за секс“ – вели Марат Сафин.