Top Sport

Mареј откри зошто продолжи со тенисот – „кога сум дома, правам само деца“

Британскиот тенисер, Енди Мареј иако не и припаѓа на големата тениска четворка по бројот на титулите, сепак е еден од најдуховитите тенисери. Тој го поседува познатиот „британски“ хумор. При последното освојување на турнирот во Антверпен образложи зошто се врати на теренот и продолжи со тенисот.

„Знаете што, ако седам дома, тогаш правам само деца, а поради тоа што веќе третото ми е на пат, морав нешто да презема. Така да, уште многу ќе играм“ се пошегува Мареј.


До крајот на сезонава Шкотланѓанецот ќе игра уште само во финалето на Дејвис купот во Мадрид каде ќе го предводи тимот на Велика Британија.

Мареј до сега има освоено 3 гренд-слем титули, 2 олимписки злата и еден пехар во Дејвис купот.

Scroll to Top