Белгискиот фудбалски репрезентативец, член на Челси, Еден Азар неодамна одби да потпише продолжување на договорот со „сините“ од Лондон, со што на челниците на клубот им порача дека е време за разделба.
28-годишникот никогаш не криел дека сака да игра во Кралскиот клуб, Реал Мадрид, па најверојатно сонот наскоро ќе му се исполни.
Мадридска „Марка“ денеска пишува дека преговорите меѓу двата клуба се во полн ек и дека трансферот службено би можел да биде потврден веќе во наредните денови.
Информациите се дека тренерот на Реал, Зинедин Зидан имал телефонски разговор со Белгиецот и за неколку минути го убедил фудбалерот дека преминувањето на „Сантијаго Бернабеу“ е најдобриот потег за него.
Проблем не треба да претставуваат ниту финансиите, затоа што Реал е подготвен да искешира околу 120 милиони евра за Азар, сума што би требало да ги задоволи челниците на клубот од „Стемфорд Бриџ“.