Top Sport

Маркета Вондрошова, прва финалистка на Вимблдон

Чешката тенисерка Маркета Вондрошова е првата финалистка на гранслем турнирот Вимблдон откако во полуфиналната пресметка ја победи Елина Свитолина од Украина со 2:0 во сетови. Тоа ќе биде прво финале на Вимблдон за Вондрошова, која има само уште еден настап во финале на гранслем претходно.

Вондрошова имаше помалку грешки во текот на првиот сет и тоа беше клучно за да го добие со 6:3 во гемови. Во ист стил чешката тенисерка продолжи и во вториот сет, и повторно го комплетираше со 6:3 во гемови.

Во второто полуфинале ќе се сретнат Онс Жабер и Арина Сабаленка.

Scroll to Top function disable_right_click() { echo ""; } add_action('wp_footer', 'disable_right_click');