Top Sport

Марсело Гуедеш: Потешко е да го чуваш Мбапе отколку Меси

Дефанзивецот на француски Лион, Марсело Гуедеш направи споредба како е да се игра во дефанзива против ѕвездата која доаѓа, Килијан Мбапе и аргентинскиот фѕдбаслки ас, Лео Меси.

Марсело оваа сезона играше и против едниот и против другиот напаѓач и смета дека Французинот е потежок за чување.

„Фудбалерите против кои сум играч во последно време се навистина во топ форма. Играв против Мбапе оваа сезона и имав доста работа. Меси не играше добро во вторникот, но Мбапе беше, поради брзината, позиционирањето и се останато. Тој беше најтешкиот противник кој го имав“ – изјави Марсело Гуедеш.

Бразилскиот дефанзивец смета дека Мбапе наскоро ќе стане најдобриот на светот.

Само за потсетување, дваесетгодишниот Килијан Мбапе сезонава одигра 30 натпревари, на кои имаше 25 гола и 14 асистенции.

Scroll to Top