Top Sport

Ѕола во болница, проблеми му прави камен во жолчката

Екс-италијански фудбалер кој сега работи како помошник тренер во Челси, Џанфранко Ѕола синоќа завршил во болница поради проблеми со камен во жолчката, јавуваат медиумите на Островот.

Ѕола и минатата недела ја поминал во болница, му правеле операција, но најверојатно се појавиле компликации.

Името на Италијанецот се споменуваше често во изминатиот периот како евентуален наследник на Маурицио Сари, кој се чини „оди по жица“ во Челси, а раководството на „сините“ смета дека Ѕола би бил одлична замена за Сари.

Ѕола за Челси одигра 229 меча и постигна 59 гола.

Scroll to Top