Top Sport

Математиката на Солскјер: Уште 15 бода и ќе завршиме во Топ 4 во Премиерлига

Синоќешниот пораз на Манчестер Јунајтед од Вулверхемптон во Премиерлигата значеше чекот назад за „црвените ѓаволи“ во борбата да бидат во топ 4 во лигата и идната сезона да играат во Лигата на шампиони.

Сепак тренерот на Јунајтед, Норвежанецот Оле Гунар Солскјер смета дека ништо не е изгубено и дека на неговиот тим му требаат уште 15 бода во последните 6 меча за да завршат меѓу најдобрите четири тима.

„Требаше да дојдеме до три бода. Можевме, можеби и моравме. А тогаш го креиравме нашиот пад. Навистина. Тоа беше наш многу добар натпревар се додека не го дадоа вториот гол. Десет минути откако израмнија делувавме фрустрирано, но потоа се вративме во игра. Можеме да го контролираме она што го правиме на теренот, игравме добро, создававме шанси “ – рече Солскјер.

Стратегот повтори дека од можни 18 бода што се во игра до крајот на лигата, на неговиот тим доволни ќе му бидат 15 за да ја освои зацртаната цел.

Манчестер Јунајтед сега ја држи петтата позиција на табелата.

Scroll to Top