Top Sport

Мурињо му се нуди на Баерн Минхен

Португалскиот фудбалски стручњак, Жозе Мурињо сам се нуди да биде тренер на Баерн Минхен откако започнаа шпекулациите во тамошните медиуми дека челниците на клубот размислуваат идната сезона тој да го заземе тренерското столче на Нико Ковач.

„Сакам по третпат да ја освојам Лигата на шампиони со трет различен клуб, но и петтипат да бидам шампион во исто толку земји. Во Германија никогаш не сум работел, зошто не би бил тренер таму“ – рекол Мурињо во изјава за португалски медиуми.

Португалецот беше првак во својата земја со Порто, во Англија со Челси, во Италија со Интер, во Шпанија со Реал Мадрид, а ЛШ освојуваше со Порто и Интер.

Неодамна, според неговото признание, одбил неколку понуди меѓу кои била и онаа на Бенфика.

Scroll to Top