Хрватскиот фудбалски репрезентативец, Матео Ковачиќ кој сезонава ја игра како позајмен во Челси од редовите на Реал Мадрид, не ги прикажува игрите кои се очекуваат од него, но сепак нема намера да се врати во Мадрид.
Според информациите од Шпанија, Хрватот го информирал раководството на Реал дека сака да остане во Челси и по крајот на актуелнава сезоната.
Ковачиќ во моментов има солидна минутажа кај тренерот на „сините“ од Лондон, но математиките може да му се пореметат доколку Сари добие отказ од клубот затоа што „неговото столче“ се ниша, пред се по дебаклот од Манчестер Сити од 6-0.