Top Sport

Мегвајр: Одлично за почеток, сакаме „Олд Трафорд“ да стане наша тврдина

Фудбалерите на Манчестер Јунајтед со голема победа на дербито во Премиерлигата со Челси, 4-0. Беше тоа одличен меч на премиерата на „Олд Трафорд“, а тимот на Оле Гунар Солскјер покажа одлична ефикасност.

Челси имаше свои прилики, но не ги искористи за разлика од домаќинот.

Хари Мегвајр, новиот дефанзивец на „ѓаволите“ дебитираше во новит тим. Тој ја исполни новата задача затоа што мрежата на Давид де Хеа мируваше, но очигледно е дека ќе треба време да се уигра со соиграчите во последната линија.

„Ова е сјаен старт, како за тимот, така и мене. Имавме малку среќа во првото полувреме, но во второто личевме на себе. Ова ми беше прв меч на „Олд Трафорд“, разбирливо е што бев нервозен. Ја губевме топката во опасни позиции. Во вториот дел добро ја пренесувавме напред, а се знае колку е убиствено нашето напаѓачко трио“ – рече Мегвајр.

Тој вели дека знае што ги очекува во иднина.

„Јунајтед минатата сезона на свој терен само на два меча немаше примено гол. Мора нашиот стадион да го претвориме во тврдина. Имав само неколку дена тренинг со момците. Ќе се подготвам подобро и ќе бидам подобар“ – истакна дефанзивецот.

Scroll to Top