Top Sport

Ја добија Барса, па по 9 месеци Салах и Хендерсон добија принови (фото)

Џордан Хендерсон и Мохамед Салах, првотимците на Ливерпул добија принови во ист ден, што првично делува како голема случајност. Но приновите на колегите од Ливерпул дојдоа на свет точно 9 месеци и еден ден по чудесниот реванш полуфинален меч на „Енфилд“ на кој Ливерпул со 4-0 ја среди Барселона и анулираше предноста од 3-0 од првиот меч на кој славеше Каталонскиот клуб.

Мечот на „Енфилд“ се играше на 7 мај, Хендерсон како капитен, а Салах го немаше на овој меч порадо повреда. Тој на трибините на стадионот во маица со натпис „Никогаш не се предавај“ ги следеше колегите Ориги и Вајналдум како ги рушат соништата на Барса за финале во ЛШ.


Следуваше големо славје во Ливерпул, па се чини двајцата фудбалери продолжиле да слават и во домовите.

Госпоѓа Хендерсон по две ќерки вчера на свет донесе син, додека семејството Салах покрај ќерката Мак, од вчера е побогато за уште едно девојче.

Ова се случуваше пред 9 месеци и 2 дена:

Scroll to Top