Top Sport

Вајлдер нема да има реванш со Фјури, ВБЦ му наложи борба со Бризил (видео)

Пропаднаа преговорите за реванш меч меѓу Дионтеј Вајлдер и Тајсон Фјури, па затоа ВБЦ бара шампионот да ја брани титулата против друг борец.

Вајлдер кој има 40 победи од кои 39 со нокаут, против себе ќе го има Доминик Бризил кој во кариерата има забележано 20 професионални победи.

Поднесувањето на организацијата на борбата ќе биде на 4 април во Мексико.

Предизвикувачот Бризил по вторпат ќе се бори за титулата светски шампион во тешка категорија. Во јуни 2016 година загуби од Ентони Џошуа со нокаут во седмата рунда.

Вајлдер пак првпат во кариерата ќе се бори за да го задржи појасот во тешка категорија.

Еве дел од борбите на предизвикувачот.

Scroll to Top