Top Sport

Лацио на „Олимпико“ испушти победа против Сампдорија во 100. минута (видео)

Денешната програма во италијанската Серија А се затвори со еден чуден ефикасен меч на „Олимпико“ во Рим меѓу Лацио и Сампдорија. Мечот заврши 2-2 со гол за гостите во 100. минута.

Кваљарела донесе водство за Сампдорија и гостите со предност отидоа на одморот.

Во второто полувреме Лацио тргна напаѓачки, а тоа вроди со плод дури во 79 минута кога Франческо Ачерби израмни на 1-1.

Во судиското надополнување, во 95. минута Лацио доби пенал, кој го реализираше Чиро Имобиле за 2-1. Со последниот судиски свиреж и со играч помалку гостите од Џенова преку Сапонара израмнија на 2-2 за конечен резултат.

https://youtube.com/watch?v=DhZsG4EbJA0

Scroll to Top