На синоќешниот пријателски меч меѓу вечните ривали Бразил и Аргентина („Гаучосите“ славеа со 1-0) камерите уловија интересна гестикулација од капитенот на Аргентина, Лионел Меси до бразилскиот селектор, Тите.
Меси со прстот преку уста му гестикулира на Тите да замолчи.
„Јас им реков на судиите дека треба да биде санкциониран, тој тоа го слушна, беше блиску, па ми кажа да молчам. Истото му го реков и јас, и толку. Сметав дека требаше да добие жолт картон“ – објасни Тите по мечот.
O repórter cinematográfico Jordi Bordalba flagrou o momento em que Messi manda Tite calar a boca. O técnico brasileiro comentou sobre o desentendimento com o argentino -> https://t.co/XgISSBT4dk pic.twitter.com/SEO8dJXA27
— globoesportecom (@globoesportecom) November 15, 2019