Top Sport

Меси утре нема да игра во Билбао, но со полна пареа тренира на песок

Поради повреда на листот на мускулот на ногата, Аргентинецот Лионел Меси ја пропушти подготвителната турнеја на Барселона низ САД, а зборед зборовите на тренерот на Барса, Валверде тој ќе го пропушти и утрешниот меч од првото коло на Примера во Билбао против Атлетик.

Сепак, според тоа што може да се забележи од видеото кое се споделува на социјалните мрежи, Меси е одлично и со полна пареа индивидуално тренира на песок.


Најдобриот играч на каталонскиот клуб минатата сезона одигра 50 меча во сите конкуренции, даде 51 гола, а имаше и 22 асистенции.

Договорот на Аргентинецот со клубот од „Ноу Камп“ е до летото 2021 година.

Scroll to Top