Top Sport

Михајловиќ ќе ја води Болоња и во второ коло, нагости кај СПАЛ

Главна фудбалска вест изминатиот виканд во Италија беше Синиша Михајловиќ (50), екс-српскиот фудбалер кој е актуелен тренер на тимот на Болоња. Михајловиќ кој се лечи од леукемија сепак се најде на клупата на својот тим на домашниот меч против Верона во првото коло во Серија А.

Информациите од Италија се дека тој нема да се предомисли веќе во петок да биде на клупата на Болоња кај СПАЛ, иако се гледа дека 40-те дена лекувања во првата фаза од хемотерапијата оставиле голема трага на него. Во тек е период на одмор пред втората фаза од лекувањето.

Михајловиќ храбро се бори со подлата болест. Покрај него е семејството, пријателите, но и многубројните негови обожаватели уште од времето на Црвена Звезда, кога славната 11-ка од далечина ги кинеше мрежите на противничките голмани.

Scroll to Top