Големата фудбалска ѕвезда, екс-голгетерот на Реал Мадрид Предраг Мијатовиќ изјави дека е уверен дека Хрватот Лука Модриќ апсолутно ја заслужува Златната топка.
„Постои само еден кандидат за освојување на Златната топка, а тоа е Лука Модриќ. Мислам дека он ќе ја освои, тој беше најдобар играч на Светското првенство, ја освои наградата The Best“ – вели Мијатовиќ.
Доколку Модриќ стане најдобар играч во изборот на Франс фудбал, се чини дека тоа ќе значи крај на ерата на Кристијано Роналдо и Лионел Меси.