Поранешниот фудбалер, а сега директор на мадридски Реал, Црногорецот Предраг Мијатовиќ ги искоментира засилувањата на клубот за новата сезона. Тој рече дека не е воодушевен што тренерот Зинедин Зидан го ангажираше српскиот голгетер, Лука Јовиќ.
„Потпишуваме договори со резервисти, не сум убеден дека Зидан го познава добро Јовиќ. Многу работа е пред него ова лето“ – рече Мијатовиќ.
Некогашниот играч на Југославија и член на белградски Партизан порачува дека Јовиќ не треба да биде отпишан.
„Јовиќ го познавам многу добро. Не треба да се игнорираат неговите 20 гола сезонава. Тој е млад напаѓач и треба да му се даде време за адаптација. Може да биде корисен“ – смета екс-фудбалерот.