Италијански Милан е на добар пат до крајот на сезоната во Серија А да избори позиција на табелата која идната сезона ќе му донесе настап во Лигата на шампиони. Според пишувањето на реномираниот „France Football“ италијанскиот гигант веќе е во потрага по засилувања за следната сезона.
Информациите се дека Милан е блиску до договор со Марсеј околу трансферот со фудбалерот од средниот ред, Флориан Таувин (25). Олимпик Марсеј би го ослободил од обврските за оштета од околу 40 милиони евра со оглед на тоа што договорот со францускиот тим му истекува во 2021 година.
Претходно за Таувин, кој заедно со останатите репрезентативци на Франција има златен мундијалски медал од Русија, беше Баерн Минхен. Оваа сезона Французинот на 33 меча постигна 15 гола.
Milan are ‘very close’ to reaching an agreement with Thauvin. (France Football) pic.twitter.com/RGAElQnCaR
— AC Forza Milan/News (@ACForzaMilano) April 16, 2019