Top Sport

„Милионерски“ проблеми пред летот за Лондон, Санчо и Дијало си ги заборавија пасошите

Со голема доза на оптимизам фудбалерите на Борусија Дортмунд попладнево отпатуваа за Лондон на утрешниот дуел против Тотенхем во Лигата на шампиони.

Имаше проблеми на аеродромот во Дортмунд затоа што Џејдон Санчо и Абду Дијало си ги заборавиле пасошите дома, а дефанзивецот Омер Топрак го изгубил билетот на аеродромот.

Сепак, пробемите се решиле, па авионот со фудбалерите со задоцнување од 20 минути тргнал кон Лондон.

Мечот на „Вембли“ се игра утре од 21 часот, а на овој меч „Милионерите“ ќе бидат без четворица битни фудбалери, Марко Ројс (повреда на мускулот), Јулијан Вајгл (грип), Пако Алкасер (повреда на рамото) и Лукаш Пишчек (повреда на стапалото).

Scroll to Top