Top Sport

„Делии“ го сакаат Теодосиќ во Звезда, него сега не му е до кошарка

Уште од денот кога српскиот кошаркарски ас, Милош Теодосиќ го раскина договорот со НБА тимот, Лос Анџелес Клиперс, навивачите на Црвена Звезда веруваат дека на повидок е мегатрансфер и дека плејмејкерот ќе ги засили „црвено-белите“ од Белград.

Не е тајна дека кошаркарот е „делија“, но сепак српските медиуми пишуваат дека шансите Милош сега да го облече дресот на Звезда се многу мали.

По „раскинувањето“ со НБА, амбициите на Теодосиќ се да потпише барем двегодипен договор со моќен евролигаш, а судејќи по финансиите кои се во игра и годишната плата на плејмејкерот, се чини дека во Европа неговите услуги можат да си ги дозволат неговиот екс-клуб, ЦСКА Москва, но и Фенербахче, Ефес, Олимпијакос или Панатинаикос.

Кошаркарот, пак, деновиве не е многу заинтересиран за кошарка. Наредниве денови неговата сопруга би требало на свет да ја донесе нивната принова, па Теодосиќ сигурно нема да размислува на кошарка се додека неговата сопруга со новиот член на семејството не излезат од породилиштето во САД.

Тоа не оди во прилот на Звезда, затоа што пријавувањето на нови играчи за АБА лигата истекува во петок на полноќ, па кратко е времето да се поклопат коцките на белградскиот кошаркарски клуб.

Scroll to Top