Очи в очи со голманот, одалеченост 11 метри, залет, шут и гол, па херој или трагичар. Ударите од белата точка одбележале многу кариери, а повеќе се паметат оние кои ќе промашат.
Србинот Лука Миливоевиќ (28) кој настапува за англискиот премиерлигаш Кристал Палас оваа сезона постигна 10 гола од пенал за својот клуб во една од петте најсилни европски лиги.
Последниот голман кој остана со „празни раце“ а полна мрежа е Мартин Дубравка од Њукасл, претходна слична неволја ги знајде и Каспер Шмајхел, Серхио Рико, Руи Патрисио, Едерсон Бернд Лено и Мет Рајан од Брајтон кој сезонава двапати е совлада на на ист начин.
Од доаѓањето на Миливоевиќ во Кристал Палас во јануари 2017 година постгна дури 20 гола од пенал, од вкупно 23 обиди.
Рекордот за една сезона во Премиерлигата се уште го држи Енди Џонсон кој во сезоната 2005/05 прецизно биеше од 11 метри вкупно 11 пати.
Миливоевиќ моментно е најдобар пеналџија во топ 5 европките лиги со учинок 10 од 11 пенали.
Еве ја листата на најдобри пеналџии во моментов во Европа топ 5 лиги (Германија, Англија, Франција, Шпанија, Италија:
Лука Миливоевиќ (Кристал Палас) – 10/11
Ниолас Пепе (Лил) – 8/9
Фабио Кваљарела (Сампдорија) – 6/7
Шарлс (Еибар) – 6/7
Серхио Рамос (Реал Мадрид) – 5/5
Андреј Крамариќ (Хофенхајм) – 5/5
Кристијано Роналдо (Јувентус) – 5/6
Џошуа Кинг (Борнмут) – 5/6
Пол Погба (Манчестер Ј.) – 5/8