Top Sport

Млади аргентински фудбалери се „потепаа“ да се фотографираат со Меси (видео)

Пред една од последните прилики за конечно освојување трофеј со Аргентина, за две недели почнува Копа Америка, Лионел Меси се појави во кампот на репрезентацијата каде започнаа подготовките за првенството на Јужна Америка.

Кога ѕвездата на Барселона се појави на теренот, меѓу фудбалерите на Аргентина У-17 настана еуфорија.
Младите фудбалери „се потепаа“ кој попрво да се фотографира со Меси.

Репрезентативците беа возбудени што во живо го гледаат херото на нацијата и веднаш се наместија во два реда, за да го овековечат моментот.

Меси трпеливо ги одработуваше барањата и наизменично ги подигнуваше и левата и десната рака за прегратка, без да гледа со кого се фотографира.

Погледнете:

Scroll to Top