Фудбалската репрезентација на Шпанија за играчи до 21 година предмалку со 2-1 славеа победа против селекцијата на Белгија на ЕП У-21 што се одржува во Италија и Сан Марино.
Шпанските фудбалери, рано, во 7. минута дојдоа до водство од 1-0 со голот на играчот на Динамо Загреб, Олмо, но во 24 минута Белгија израмни на 1-1 преку Борнау.
Кога сите очекуваа поделба на бодовите, играчот на Вилјареал, Пабло Форналс, стрелаше прецизно во 89 минута за 3 бода за „фуријата“ со кои остануваат со шанси за нокаут-фазата.
Во истата група, Италија и Полска својот меч во рамки на 2. коло ќе го започнат во 21 часот. По првото коло двете селекции имаат по 3 освоени бода.
Fantastic strike from Pablo Fornals pic.twitter.com/bpVCEXCWkZ
— Steven (@SanPenguinYo) June 19, 2019